Макар што на Македонците им е доволно само раздобјето Од Александар Трети Македонски до Цезар Македонците не го фермаат многу многу Некој си Калигула таму и особено неговиот коњ Кај го давале Македонците Букефал За некаков дртав коњ на Калигула Спроти императорот и коњот велеа Македонците Никој не велеше спроти императорот и аеродромот Што е знак дека Македонците сепак беа свесни Дека никогаш нема да имаат аеродром спроти Александар Велики Ама напатени од многу посегања врз минатото и иднината Си велеа поарно мало аеродромче со големо име Ем големо ем наше си велеа Македонците Отколку голем аеродром со туѓо име што се пишува на латиница
„Сонот на коалата“
од Ристо Лазаров
(2009)
12. Да пукнам одамна не сум имала толку долг отпочин И ќе заборавев на сонцето што изгрева на исток А и тоа галиба имаше нешто со Македонците И сонцето било ѕвезда велеле Македонците Бре бре како никој да не знаел што било сонцето А за ѕвездите допрва ќе се разјаснува Дали Македонците мислеле повеќе на ѕвездата од Вергина Или на ѕвездите од европскиот бајрак
„Сонот на коалата“
од Ристо Лазаров
(2009)