Како што велеа мажите што биле таму, даскалот онака горделив, излегол надвор и почнал да му се дере на стопанот: - Како, бре керата, незнамитис ниеден, ти му дозволуваш на син ти да го зборува тој гнасен и варварски словенски јазик?
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Секој ден и јас трчам зад камионите, ги прашувам ранетите деца и чупи да не слушнаа за Ристо мој... чекам книга од него, ама нема...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Се туку гледај на кај прозорец, на кај врата, па дури кришум погледнуваш и во оџакот, што знаеш, можеби на покрив е качен и од таму навали та начули уво, та слуша што им велат на дечките дедо и баба, што си прикажуваат и што си велат маж со жена в постела...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
- А нас не опљачкаа до игла, - дофрли една од жените.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Местото ни е наше од дедовци и прадедовци и наше да остане. И си отиде.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Сте го одбрале времето, вели мажот.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)