Сметам дека човекот е создаден од зборови а не од земја, како што велат поединци, или од светлина, како што велат оние другине.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Се разбира, со ова мое тврдење не им го одземам правото на оние кои ќе ни го свртат грбот за да го потрошат сето свое време во разговори со миленичињата: кучињата, мачките, пилињата!
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Но до оној завршен чекор, до дефинитивниот редослед на обвинетите, до одлуката за извршување на казната. или како што велат поединци до оној извршен чин и крајна цел втасав при моето последно патување од самицата до собата на Грофот.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
И веднаш да додадам, станува збор за впечатливо и според мое мислење најдолго патување при тие мои испитувања бидејќи Бушавиот избираше такви коридори што користеа многу непознати скали; коридори со качувања и слегувања; коридори без светла но и со блескотно осветлени премини.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)