Што да пра`ам, од сон се хранам... Оро играјте, дупка гледајте, велат старите.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Мене ме донесе, тоа чудо од далеку, а тебе те прибраа турците во залог, те тераа како стока со камшик па те дотераа право пред мене. - објаснуваше Трајанка. – Но секое раѓање било болно, велат старите, еве гледаш како нашата љубов се роди со болка.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
– Јас се извинувам доколку те навредив со некој непромислен збор. Ете, така, втасавме. Колку пари ти должам? А, па ти пишува на броилников. 96 денари.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)