На седницата е донесена Одлука3 со која Клуб- кафеаната се дава под закуп 4 во наредните 30 години на Друштвото за спорт и рекреација С.Р.С. ДОО – Скопје и тоа, како што се вели во одлуката, на „користење за научни, културни и образовни потреби и за изведување на научни, културни и образовни проекти од интерес на РМ“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Во март 2006, проблемот со Клуб - кафеаната и вработените во неа е ставен на дневен ред на Владата на РМ, а како дел од ресорот на тогашниот Министер за култура (Б. Стефановски).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
И таму, на млади години, го мачеше тајната дали под двете езера разделени со една планина, се мешаат нивните води и се формираат многубројни пештери, како што се велеше во преданијата и се претпоставуваше во научните списи.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Неа, велеа во купето, Германците нема да ја претресат.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Нека подраснат троа и ќе си и зема со мене, — си велеше во умот.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Некој велаат во сета земја врие, други велаат угу кај нас е вој стра, инсан како инсан, кој може крај да му вати на разни муабети?
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Ете јас шо има да кажа.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Впрочем и да ме замолите по минутка-две да ви го повторам до збор ова што го велам во овој момент, не верувам дека ќе ви ја исполнам желбата.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
О, јас најдобро знам колку сеќавањата умеат да не измамат! ) Тоа утро покрај Пребег ме заскокотка отвореноста со која Иван застапуваше некои од своите сознанија и претпоставки.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
И си велиш во себе, да не дај Господ и со мислата се крстиш, со мислата зашто рацете ни беа фатени од носилката, трупецот, сандакот, од лопатата, од секирата и казмата и каменот.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
И кога го носиш ранетиот си велиш во себе – дали некоја друга мајка така ги носи моите чеда?
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Тоа се моите деца, некој ги заѕидал меѓу ѕидовите, си велев во сонот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Гребев со прстите по ѕидовите, го корнев ѕидот, ѕидот ми ги корнеше ноктите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Успехот на зборот деконструкција без сомневање мора да се сведе на фактот дека деконструкцијата очигледно била почувствувана како антиструктурализам или постструктурализам, како што често се вели во САД. Јас никогаш не го употребив тој збор.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
„И велиш во Скопје живејш?“ продолжи човекот, „во то лајно палати да ми даваш не останвам! Шо велиш ти!“
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
„Барем исклучи го тонот“, му велам во себе.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Откоа стори малку џефа момчето, му кажало на царот оти татко му му кажал за тоа нешто.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
На молбата од старио син му беше го кренал да го носит погоре во планината, арно ама го носел и тие зборои што му 'и рекол татко му сите 'и преживал во умот и си велел во мислата вака: „Проклет да би бил тој чоек што го сторил овој лош адет да си 'и носиме татковците во планинава и да ѝ остааме овде да умираат од глад, без да мисли оти што ќе стори, тоа ќе најди.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
- Господи, помилуј! Господи, помилуј! - велел во тоа време и чинел метании, тргал што да можи броениците и подбелуј со очите.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
- Море чедо - му рекол - што си нешто невесел овие два вечера?
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
После сами ќе се чуваме, си велиме во молбите, во молитвите.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Во последниот став на обредот играта е загубена ако Ана (ако Маргарита) ја фати врската Лињ д’Со или ако веднаш излезе на улица; веднаш, еве сега, бидејќи на таа станица и ги нема бескрајните ходници на коишто обично налетувам, туку скалите брзо водат кон целта, кон одредиштето како што велат во средствата на јавниот превоз, а на некои јазици - и кон судбината.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Животов е терезија, така се велеше во еден ферман пратен од султанот до дедо ми Исхак-бег. Терезија, ибн Пајко.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Си велев во себе: "Да не сум во неговата кожа, низ што сè не поминува овие неколку години, а и самата помисла дека има рак, да живее со тоа оптоварен, згора на сè доктор и јасни му се работите".
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
И ти, Симке, ем знаеш што вели во писмото што го добивме.
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
— И го фата окото, или како што велеа во Солун: просто напросто се заљуби на стари години, и пак почна да се праша: „Зар пак толку су стара да ми е поминато времето?“, и пак сама си одговара: „Мори, каква стара, Досто, какво поминато време?
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Доста се понамршти и си вели во себе: „Просто име, Стојна!
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Си велам во себе: „Не кобалт, само не кобалт, неее...“ зашто го гледам зет ти Џеф од карши како се спрема да коментира.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
„Прекрасно е да си вљубен!“ му велам во себе.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
„Си се капела, велиш во Езерцено? Како Русинка? Знаеш оти ме изненади? На другине“, велам, „барем на оние што јас ги познавам, им требаше поприлично време и долг пат да поминат за да се решат да отидат дури на Езерцено“.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
"И не велат во песната Рајна Бурева, туку Рајна Коцева", продолжува таа и само тупка, тупка со чевлите по душемето.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Исто како и другите теории неговата е исполнета со желбата да го пречисти светот на останатите, безвредни теории и да ги преобрати сите неверници во вистинската вера.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Бидејќи како што тој вели во Spurs/Eperons, „текстот ќе остане неограничено отворен, криптичен и пародички“ 7, постојат мноштво начини со кои дури и една единствена личност, и a fortiori различни луѓе можат да го деконструираат. okno.mk | Margina #11-12 [1994] 71
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Со оглед на силните плуралистички, ако не и анархистички, елементи на Деридините учења, може да се чини одвишно да се тврди дека тој исто така е еден универзалист.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Му велам во шега, но како што е впрочем запишано и во романот:
Козичките ги подзел облакот на Шагал!
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
За решавањето на овој идеолошко-естетски проблем имав утешна варијанта: си велев во себе, ќе може да се избере класичен светски автор, но не домашен по секоја цена.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
А.А. ќе оди далеку, си велам во себе.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Кога е така, си велам во себе, зошто тогаш постои Атеистичкиот музеј?
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Има среќа Пеличка, си вели во себе баба Перса, а Пелагија е принудена да се врати во годините наназад и да стигне до она ритче во средината на селото Долнени од каде се гледаше куќата на убавата и питома учителка со мал дефект на едната рака, која, заради ујот на Ангелина да расипува животни радости, не му стана жена на младиот претседател на селскиот Одбор!
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Си велев во главата, внимавај девојко што посакуваш, ти си наивна и не си ни свесна дека, всушност, не е така како што изгледа.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)