” „Животот негов реков може да го среди само оној Еден и Единствен што управува со нашите судбини”, ѝ реков јас свечено. „Што значи тоа, да зборувам со рабинот за проводаџисување?
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Тогаш реши да ме побара мене. „Слушнав – рече Бенвениста Давидовиќ кога седнав на чистиот миндерлак во нивната скромна куќа со бел вез што не се сипеше, туку спиеше под раката – дека што ти си врзала, човек не одврал, па решив да ја ставам судбината на мојот кутар син, жртвата моја сакана, да ја ставам велам неговата судбина во твоите вешти раце.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Убиј си ја главата кога немаш никаков талент, пријателе - како да ви вели неговиот далечен поглед.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)