Се разбира, кај имам јас време нему да му обраќам внимание, но сепак го слушам како ми вели или се мисли: - Добро, штом така, јас ќе ти измислам беља за да притребам да те чувам.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
А пред наседнатата толпа, со подрасчекорени нозе во брич пантолони стоеја тројца офицери во униформи од сив офицерски габардин, само со револвери на појасите, нешто на луѓето им велеа или ги прашуваа.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
- Тетко Рајно, ти тоа за учителката Вера само така го велиш или навистина е?
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Така ѝ велев или можеби сакав така да ѝ речам.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)