Доказ дека има во што да верува му беше тоа што многу често се наоѓаше себе си како задоволно занесено свирка некоја мелодија што го држи во полетно расположение.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
— Ѝ одговараше Толе, а таа верувајќи му дека и Светијован си имал посестримка, уште повеќе го стегаше со меките бели раце и го посипуваше со бакнежи и милувки. (Митра не работеше полски работи кај стариот Брлета та затоа рацете ѝ беа меки и бели).
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
А потоа се состанував со него чувствувајќи го како брат и верувајќи му со сета детска искреност.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
– „Ами за Сивета и Чулета како веруваш, бре татко, да за мене да не веруваш му рекол Силјан и си го собул објалото од десната нога та му ја покажал ногата кај што му била заварена“.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
- Тина, сѐ ќе биде добро, верувај му на татко ти, - ми зборуваше низ солзите, тивко, со страв да не се разбуди Ели и да не ја уплашиме.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
„Бог не постои“, ми рече, а знаеше дека тој истиот Бог во кој тој не верува му ја испрати, го маѓепса и му ги зеде и срцето и душата.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)