На полноќ дувна ветер во црквата, сите светила ги изгасна, а јас во мракот видов ангел слезен од небесата, со калем во раката. „Не бој се, и колената твои нека не треперат толку; ти си тој кому ќе му се каже откровение за писмото ново за твојот род, оти Оној што ме праша вели дека ти со него одиш, ни пред него, ни зад него“, ми рече.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Сигурно таму си го виде ангелот што дојде да му ги одврти рацете, нозете.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)