Кога му ја виде главата в уста, тој исплашен, испаничен, почнал да му ја зема, но кучето бегало, трчало низ градината играјќи си со неа.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Што се однесува до проблемот на хиперпродукцијата, кој во нашето општество е латентен уште од развојот на машинската техника, тој е решен со изумувањето на постојаното војување ( види Глава III ), кое е исто така корисно и за одржување на моралот на населението на потребното ниво.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
„Без помош од самите каури не ќе свршиш работа".
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Води сметка што помалку жртви да дадеш и дури не ја видиш главата пред тебе од тој разбојник да не ми излеваш пред очи.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
И одеднаш, додека Земанек јуреше, под едно дрво на Зајачки Рид, го здогледав паркиран џипот на Фискултурецот; поминавме крај него толку брзо, што ми се стори дека само во еден блесок на фарот ја видов главата на Луција зад прозорецот; му реков на Земанек да застане; тој се двоумеше, прашуваше зошто, и јас му реков: „Луција е внатре со Фискултурецот“.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)