Доста им осука кора, им испржи и колбаси, ги наруча сите три деца, и кога тие јадеа слатко на тарунчето на чардакот, таа ги погледна и се заврте на другата страна да не ѝ ги видат солзите што ѝ навреа на очите.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Кире дотогаш не ја сфати ситуацијата, но кога ја виде солзата, се преплаши и побегна назад во селото...
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Само ја почувствував неговата рака што топло ме прегрна и ги видов солзите во неговите очи.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
— Добро, велам и ја вртам главата, не сакам да ми ги види солзите.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
А како да му видов солзи да му се покажаа на очите.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Таа наеднаш застана. Тој изненадено ја погледна и виде солзи во нејзините очи.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Со другата, пак, ја фаќа неговата рака и Јехуда Давидовиќ чувствува како на Алегра ѝ се тресе раката.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Проклет да бидам, не веруваше видов солза во неговите очи.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Се колнам, знам полно такви работи, што сега ги изоставам, зашто морам веднаш, веднаш да тргнам, видов солзи во вујнините очи.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Некои од козарите видоа солзи и во очите на своите кози или само така им се чинеше.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)