Така не ги викаа ни Грците, зашто последниве не видоа големи лошотии од Србите.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Никој никогаш не го видел Големиот Брат. Тој е лице од плакатите, глас од телекраните.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Татковиот гроб сега ми се виде голема, ширум отворена книга што ја прелистуваа прстите на времето...
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Кога ги видоа големите чаши ракија пред нив знаеја дека се родени под крвава ѕвезда во еден гроздобер кога лозите цицаат од земјата само отровни сокови.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Тој е свет човек, чува од зло.“ „Не сме сонувале“ , му рекоа „Видовме голема челична каса, зашто прв пат кога те баравме згрешивме и затропавме на неговата врата.“ Застана; гледаше со неверување.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Дури и тагата на браќата. „Во неговата соба видовме голема челична каса.“ „Во чија соба?“ расеано ги праша не сфаќајќи ги веднаш.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Ја кренав главата. Сетив дека ветрот се стишал и низ едно од стаклата на прозорецот ја видов големата месечина.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Се мачи да врати во сеќавањето скриено место на кое во детството видел голем клуч. Не може.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Ние се качивме на карпата и од неа можевме да ја видиме големата површина на езерото како блеска под западното сонце.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
И тогаш, по втор пат како да го видов големото сонце што ми се јави и понапред.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Татковиот гроб сега ми се виде голема, ширум отворена книга што ја прелистуваа прстите на времето...
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Всушност токму тогаш повторно ја видов големата сјајна месечина, но овојпат сместена како гнездо во крошната на високиот костен, па вејките на дрвото се исполнија со многу посребрени плодови, а на поспаните птици, (си помислив самозадоволно), на оние на кои едното око постојано им е будно, сигурно им се причинуваше дека и овојпат тие се посакувани украси на некое празнично дрво што месечината од посебни причини го украсила токму за мене!
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Да го види големиот дукат одблизу, после ако сака нека умре.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Усните ги растегна во огромна, широка насмевка, при што ѝ се видоа големите бели заби како плочки за бања, а потоа се плесна со раката по челото и викна: - Лааа!
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)