Јован се здрви на место кога ги виде оѕверените лица на двајцата џинови, но пак го зеде на шега, па проговори: —    Ајде, ајде, повелете да се напиеме, та оставете а шаката! — и се заврте кон гостите, кои, тукушто се прибраа од песната и свирката и почнаа да гледаат што се прави на чардакот.
               
             
           
            
            
              „Толе Паша“
               од Стале Попов 
              (1976)