2. Зборот ми е уморен од несоница
Поседи уште малку
уште неколку мига
Овде е сѐ толку будно
ни лудило да не ти недостига
поседи уште малку
времето барем во среќата спие
– јас никаде
Во тагата ми ѕирка преплашено дете
поседи уште малку
моќна е близината -
разделени како сонот од лагата
кажи ми што виде ноќеска...
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)