- Пожар! - Пожар! - викаа луѓего и се тргнуваа настрана за да им направат пат на пожарникарите.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
- Почекајте! Стрпете се малку... - викаа луѓето од поворката, - да се обави првин погребот...
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
- Не коби, врагот да те земе! - му викаа луѓето и фрлаа кофи со вода по засирената крв да ја измијат.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Проклетство, сѐ што живее на земјата - живее да се бие, да се ништи! викаат луѓето.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
- Не може тоа така... - викаа луѓето. - Мора да нѐ прашаат нас...
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
- Срамота! Ајвани! Мртовец се погребува, а вие песни и свирки... - викаа луѓето од погребната поворка.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Група граѓани имаа право да основаат претпријатие. Гегеиња ги викаа луѓето.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
„Зошто не го отепаш?“ му викаа луѓето на Делин.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
„Море каков дедо, каков прадедо, вечно ли ние овде ќе си ги кинеме трбушките да пренесуваме товари”, викаа луѓето и опкршуваа околу куќата и гледаа од кое ќоше да почнат, кој камен првин да го тргнат, од кај да загризат.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
- Нека се што сакаат... - викаа луѓето. - Зошто ги фрла?
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)