вика (гл.) - по (предл.)

Залудно ќе викам по тате, тој е далеку, во Кочани !..
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Набргу престанавме Сталинка да ја викаме по име.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Бугарските полицајци се растрчуваат. Викаат по некого. Жена му го погледнува.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Да беше дома, немаше да отстапи од „дневниот план“ - да вика по палавите дечишта.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Еразмо наизуст шепотеше непристојни пцости и погрдни зборови, викајќи по него, немоќен да го сопре, но, во исто време, мораше да го следи, да трча по бикот Чико, со сиот свој напор, независно од заморот, студот и тешките чизми, што му создаваа дополнителни тешкотии, разранувајќи му ги нежните пластови кожа на нозете.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Почнаа да викаат по нас и да ни велат да се вратиме.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Ме затвораа во кафези, ме јадеа ѕверови, бегав од вештерки и кога се разбудив ја сетив топлата нежна рака на татко ми врз моето лице и неговиот загрижен глас што ме викаше по име.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Тетка Рајна викаше по мене, се караше да не ѝ растурам, или да не се прашам, но тоа не помагаше.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Ќе викале по тебе: „Еве го шејтанот, еве го Ване-јарето!“
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Г-ѓа Маџиде му помагаше додека ние бевме на работа, па и го капеше секојдневно, понекогаш и по неколкупати зашто поради старечката деменција забораваше и, само што ќе го облечеше избањат и чист, тој викаше по Маџиде: „Меги, од кога не сум се избањал!“
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
И викај по Јона да превртува сѐ што е мое: алишта, обушје, сиот ковчег да го преврти наопаку.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ќе одам да прашам кај Дуковица Вендиоска. Да не ѝ се наоѓа. Викам по Дуковица. Не се одзива.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Викам по Дука, - пак никој не се одзива. А ваму вратата подотворена.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Небаре нешто за јадење да ќе му дадам викам по кучето, ко улава.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Меѓу два огна се грејат. Едно време се поткрева Илија и вика по бугарските војници.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ако некој волк слезеше во селото и направеше штета, викаа по Толе дека тој го довлечкал.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Цела ноќ можеше да вика по нас, глупавиот пак да не имаше некоја друга работа, - беше слеп, не гледаше.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Почнувам да ја мавам по лицето и да викам по неа – бубачки!
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Додека манастирскиот измеќар и некој од калуѓерите збутани до вреќите со погачи и до ќуповите со вино, викаа по него да легне долу, тој сѐ повеќе и повеќе се исправаше и го виде ројот дечишта забрани од јаничарите во заеднички синџир, а веднаш по нив и коњските газови, мазни и светливи како килими.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
И пак викаше по луѓето за помош; во ушите ѝ се враќаше само шумењето на дождот. Кога се исцеди небото, дождот запре.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
— Бујрум, бег, бујрум, повелете! — ги кани Лесната на прагот од својата ниска куќичка и вика по сина си Стојана да запали борина, оти веќе и мракот падна.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Крај огништето седнал Карабуклијата со некој комшија, го спотиња оганот и вика по снаа му да донесе борина да види кој дојде по мракот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Горе, по улицата, луѓето трчаа. Смит, трчаше, а луѓето викаа по него.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
А дека викаат по него и дека тој не им одговара – тоа е, се разбира, само затоа што тој не ги слуша!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Па, бидејќи сите зборуваат за него, го фалат, ги опишуваат неговите збеснувања, го караат и го клоцаат, викаат по него, па само се слуша неговото име, славата на Фигаро секој ден расте.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Сите викаат по Зоки Поки, а Зоки Поки од никаде не се јавува. Ах, какво дете!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Бандо растрчуваше низ куќата и викаше по тапанџиите: „Удретее, нека чујат сите, нека чуе Профим, сето село: тој што купил камила, и вратата ќе си ја поткрене“.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Сонуваше: некој му го поткопува ѕидот од куќата откај патот и му става експлозив да го руши; истрчува Бандо со пушката надвор, вика по тие невидливи минери во мракот, пали фенер, ја бара дупката со експлозивот; никаква дупка и никаков експлозив нема, но го слуша фитилот кој шишти, кај што гори, му оди по шиштежот, го бара, никаков фитил не може да најде; врти околу куќата и го слуша ветерот што шумоли во сувите трски; легнува повторно да спие, но токму тогаш силна експлозија екнува и ја руши куќата; скокнува Бандо од постелата, стрчнува низ одајата, излегува надвор, но гледа никаква експлозија нема, никакво рушење на куќата; гледа езерото се нишка полека, мирно, гледа месечината прпелка во него како риба, превртувајќи се на мев; селото е глуво, заспано; само од далечина одвреме-навреме се слуша некој посилен пукот од фронтот.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
2. Еден Циган со цигулка Еден Циган со Циганка Еден Циган со дружина го бараше другарот Цела вечер дружината цела вечер Циганката цела вечер цигулката викаа по Циганот
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
јас сум до тебе, ми вели тој, јас цело време стојам до тебе, ми вели, ами оти не ме браниш од галебиве, му велам, нема со што, ми вели Горачинов, гледаш дека ми се зафатени рацеве, и после како да сме гувееле пред сонцето паднато во водата, се наведнуваме небаре пред свекор, пред свекрва, што се вели, а водата светка, си потфрла тркалца од бела пена, како ситни пари да сум пуштила, да сум фрлила во водата и парите ги собираат плипот деца, а после не биле деца, туку јато риби, изрипуваат нагоре, им светнуваат белите мешиња над водата и тогаш од бродот ми паѓа Горачинов, се провира и ми се губи ко јагула меѓу рибите, јас викам по него, но гласот нерастурен ми се враќа назад; се враќам и јас од сонот,
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Запира возот, а на прозорците се обесиле Германците и пеат, викаат по нас.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не му кажувам дека и јас вака сум викала по него.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Држи ме да не паднам, вели Оливера Поточка, ене ги Лазор и Ристо, сега држи ме ти мене, вели и се надава да вика по нив.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Почнав да викам по Германците.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Гајта клоца, рика и вика по мајка си.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ме вика по нумер, по бројот на облеката.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Е, сега сѐ ќе и каже и мојата лага веднаш ќе се открие.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Нему сѐ уште ништо не му беше појасно, но кога чу дека Бак се вратил, скокна и влезе внатре: - Мамо, мамичке – викаше по тетка ми – дојди, сѐ ќе ти објаснам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)