Првата од нив ќе биде вашето тајно, значи и лажно име, драги читатели, без разлика која ти била или кој ти бил и без разлика како инаку си се викала или си се викал.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Не забележуваше повеќе дали вика или не.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Не разбрав тие ли викаа или јас кога ги стасав.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Од друга страна, имајте на ум дека тоа не е безопасно, бидејќи претворањето на читателот во јунак на една книга му дава на писателот можност да го повреди, па дури и да го усмрти само во два реда.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Со задоцнување за кое и не бил свесен му викнал на имењакот со замав да го одбие нападот потоа да боде или со втор замав ... и сѐ така, ако викал или ако нешто говорел.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Трет нивни мртовец, рекол во себе давајќи му некое посебно значење на броењето небаре потоа полесно ќе можел да пресмета колку живи останале на целата човекова земја, но веќе сметката се менела: видел како паѓа уште еден од последен истрел во таа битка и видел како двајца од две страни со неприфатливо исти движења и исти искривени лица збрцуваат еден во друг презашилени алатки на смртта, едниот сличен на мртовецот пред неговите нозе, другиот неповторливо сив и влакнест, со обетка на увото.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
За настанот не е ни важно. Некој ме вика или ми вели нешто.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)