викне (гл.) - жена (имн.)

- Сестри, викнала жена му. - Овој мачител сака предвреме да нѐ породи, Вашите мажи копаат камен, се згрбавуваат, а тој...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Бегајте, инаку, се колнам, ќе заигра ластегаркава. Ќе ве јактисам.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тие пристигнуваат вечер, а јас веќе викнав жена за чистење.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Тогаш таа плеснала со рацете за да ја викне жената на најмладиот брат: ’Јатрвичке наша најмлада, ѝ рекла, невесто мила на млад ни девер, ајде место нас однеси им јадење на мажите, чунки патот е долг а нам нозете ни се папсани, та ние веќе не сме млади и лесни како тебе.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ја викнаа жена му на Андро, Андрица, и ја распрашаа за сите подробности: од кога се заедно, каков им бил животот, се карале ли некогаш и зошто; која била причината што немале деца: не сакале, или не можеле да имаат.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Најстариот не изустил богохулни зборови откако видел дека не е неговата калеша, а вториот гласно рекол сполај ти Господи за спасението на мојата перачка.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)