Тој час народот се распиште и се разбега на сите страни, а заптиите и војниците, пред сите Јосиф Акиноски, потрчаа да ги одвојат Лазора и Арнаутчето.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Лазор рикан како попарен и се загна, со ножот во слабината, по него, по Арнаутчето; го дофати, ги вклешти рацете околу неговиот врат и го поткрена од земја, но тогаш два куршуми, едноподруго, се забија во неговата лева плешка, па Лазор се нурна нанапред и падна на земја, со Арнаутчето под себе.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)