Во планините не може да владее тишина, бидејќи нивниот релјеф вреска.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Овде владее тишина, мир, па посетителот во ова катче може да најде мал одмор и од низата впечатоци што дотогаш ги собрал.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Во просторијата владее тишина поради чувството на неудобност кај публиката и тремата што ги имаше обземено членовите на Дисциплинската комисија.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Во собата владееше тишина, а тие четворицата си подаваа некаква цигара еден на друг и скоро и да не разговараа, но затоа тивка музика допираше од касетофонот кој што во темницата не можев ни да го видам точно каде е сместен.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
И зиме и лете, инаку, овде владее тишина и романтика што не се заборава.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)