Еве што се случи понатаму: кога во Бошка остана малку вера дека ќе се спаси од Лумана и покрај готовноста на Дика за атер негов да рече некој збор, во одајата влезе некој од момците и рече: - Чорбаџи, ефенди Луман доаѓа!
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Нерасположен го затвори прозорецот да не влезе некоја друга пчела, седна и продолжи со пишување.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Прозорците ги затворија да не влезе некоја мачка.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Мајка, кога ќе видеше од чардакот дека изгреал нов, убав ден, ќе оставеше да влезе некој од толкувачите на кадиските записи, на сиџилите, за да ги дотолкуваат, зашто само Татко го имаше вистинскиот толковен клуч.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Но како на Акиноските им претстоеше целосно истребување, во 1013-та, враќајќи се од бојот во Битолско, српските четници, оние на Бабунски и Трбиќа, ги исклаа сите возразни.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Тоа лето во Света Софија Охридска утринум влезе некоја млада црнкиња.
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)
Не беше безбедно во сој каков што беше Акиноскиот, целиот предаден на делото на Организацијата да влезе некоја којашто потекнуваше од сој како Вељаноскиот - мирни и уплашени луѓе и кои се држеа настрана од револуционерните вриења во Потковицата и во цела Македонија.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)