Тој ги одвитка чергите и однатре се истурија бомби и фишеци за пушки.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Кога селанецот влезе внатре, сите присутни станаа на нозе.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Човекот, којшто ги пропушти да влезат внатре, добро ја затвори вратата и пак ја заклучи.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Граѓанинот и селанецот влегоа внатре.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Гоце и Ѓорче влегоа внатре во мрачната и тесна затворска ќелија.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Одајата внатре беше преполна со луѓе.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
- Дали се сите тука? - Сите сме... само уште тебе те чекаме! - одговори еден од присутните.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Брате Ѓорче! - Брате Даме! - викнаа двајцата посетители.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Кога влегоа внатре, Гоце праша: - Кој беше ти?
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
По насмевката Гоце го позна и извика: - Доне, Доне Стојанов!
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Кроце, како кривец кој знае што сторил, Гоце влезе внатре.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Таа кроце отвори една мала, ниска дрвена порта, влезе внатре и се распули наоколу.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Требаше да се направи малата куќичка со врата за да може да се влезе внатре, човек да се симне по скалилата од железа долу до главниот вентил, и да се запре водата во случај на потреба.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Тие сега се музеј и тој ден кога пристигнавме пред портите на овие музеи, чуварите не дозволуваа да се влезе внатре, зашто се реконструираа и обновуваа.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Кога си дојдоа, жена му влезе внатре да пригодува за спиење, а тој остана во дворот. Не може уште да си ја смири возбудата.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Длабоката потреба на песната да влезе внатре, во најдлабоките длабичини на битието, Озрачен (Од дална ѕвезда) Медоточен И По ро чен. е пораката што го длаби своето постоење во тие длабини и го оплодува неочекувано битието на суштината, битието на длабокиот дух осеменет од порокот на создавањето.
„Вечната бесконечната“
од Михаил Ренџов
(1996)
Тогаш Бузо ги собра сликите што ги имаше наредено во сандакот и му предложи на Калча да влезат внатре, вкуќи.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
И таа се поклони како Муарема, ја отвори вратата од убавата одаја и двајцата чорбаџии влегоа внатре.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Целиот обрач што го захради пајтонот влезе внатре, изнаседнаа околу масата на која Јован ги седна Толета и Митра, а сам излезе, та му плати на пајтонџијата, се врати и седна до Толета оддесно и ја праша Митра.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Пред влезот од куќата чекорите за миг запреа, се слушнаа гласови; некој како да се готвеше да влезе внатре.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Ја подотвори вратата и влезе внатре.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Почекај ме. Дедо Иван влезе внатре. Долго се задржа таму, веројатно ја вадеше пушката од некое скриено место.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
„Она само прави врева. Сега ја треба влезам внатре, Рози, ти остани тука на сонце. Ти не изгледаш добро.”
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Кети стана. „Мора да влезам внатре“, рече таа, „За да почнам да чистам и рибам.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
На местото беше паркиран еден двокатен автотранспортер и, кога влезе внатре, го виде возачот крај шанкот како пие кафе и зборува со келнерката.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Ако шушне ќе го разберат ќе влезат внатре и - готов е.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Го допрати до бањата, но како што налага пристојноста, не влезе внатре.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
И да. Така беше. Влегов внатре. А всушност, излегов надвор. ***
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
АНА: Ќе речеме, ќе речеме. Ајде, мори, фаќајте! (Им дава со раката знак да влезат внатре, но тие, исто така со раката, и покажуваат дека од тука ќе пеат.)
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
(На жетварките, кои, откако почнаа со пеење, седат накрепени на прозорците и со половината внатре.) Ама се заинаетивте: не влеговте внатре да бендисам некоја.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
АНА: (среќна). Тој треба да е! Чекајте!... Влезете внатре! (Оди и бара во ковчегот.)
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Се пофали дека го сакаат жените и влезе внатре на дело да ни го покаже својот успех.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Таму, рекоа, чека возот и сите да влеземе внатре.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Покажуваме на вратата од зградата и велиме дека сакаме да влеземе внатре.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Откако изминавме неколку улици Марина се запре пред една барака и ние со неа влеговме внатре. Баба ѝ нѐ пресретна.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Не помина долго време кога една млада жена се приближи до неговиот дом, а потоа вратата се отвори, и таа влезе внатре.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Посакав и јас да бидам таму и да ме боли она што ќе го видам.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Кога ќе влезев внатре, светителите и настаните од библијата оживуваа, ми се радуваа како на свој.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Влези внатре, чедо мое. Не ќе ме видиш мене зашто сум скриен во буквите.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Дојде до барот и влезе внатре и таму беше малото путерче и го чекаше.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Старецот ја затвори вратата зад него.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Овој другиот направи еден несигурен чекор, и како да не му се веруваше дека колибата ќе го собере, со малку поднаведната глава влезе внатре.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Се поприбра и решително влезе внатре.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Тоа направи садриазамот да го измени решението, а кога со уште некои главешини влезе внатре, во дворот на Имотот, силно се учуди од богатството и уредноста што беше насекаде присутна.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Максим влегува во гостинската одаја, од масата го извадува пиштолот, го сокрива в пазува и кога излегува на чардак на Јосифа, кој станал во меѓувреме, и на другите им вели Ко ќе застуди влезете внатре, а на Васила Митрески Ние со тебе, Васил, ќе се прошетаме малку.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Но кога ја отворил стрико Никола Мала врата, на месечината веднаш се видело дека човекот не е некој поганец; в раце држел детуле, сето завиткано со кожуви, а по себе водел коњ, и го пуштиле да влезе внатре.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
И правејќи си пат меѓу имотските луѓе, кои сè уште трчаат пругоре по скали на чардак, влегува во визбата; таму, од ѕидот до вратата, го симнува малото секирче, го сокрива в пазува, поа кога излегува од визба, на Васила, кој остана да го чека пред врата, му вели Одиме.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Многу годиње поминало, што не можел чоек да се приберит околу манастиро.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Ламјата бегај, ќелешо трчај по неа и дошле до една дупка, та си влегла внатре и се скрила ламјата.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Кога виде царицата инатот каугерски, заповедала на војската да прескочат преку - порти и му влегла внатре.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Високо дваесетгодишно момче, со нежно детско лице и набилдани мускули, му откина една карта од купчето кое го држеше в раце и го пушти да влезе внатре.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Кога запреа пред една грнчарница, грнчарот ги покани да влезат внатре.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Но нивното тресење како да не беше само од студот, туку и од некој неопределен страв.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Се задржувам за една метална шипка и успевам да влезам внатре во бродот.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Одеше со неа и на работа и додека таа позираше како фотомодел или како манекенка на ревии, тој ако не можеше да влезе внатре, ја чекаше надвор за да ја придружува до дома.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
На прозорецот ја гледа и пчелата што неколку утра му доаѓа и прпелка, удира на стаклото да влезе внатре.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Се сожалува Богдан, ѝ го отвора прозорецот да влезе внатре, но таа одново бега.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Конечно, излегоа Томаица и Ленче и му рекоа на Таки да влезе внатре сам.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Винстон никогаш не влегол внатре во Министерството на љубовта, не бил дури ни на половина километар од него.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Беше тоа слично на илузијата на Винстон додека гледаше во срцето на стаклениот тег за хартија и си замислуваше дека би било можно да влезе внатре во тој стаклен свет и дека кога човек еднаш ќе се најде во него, времето може да биде запрено.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Еден многу стар човек, подгрбавен но подвижен, со бели мустаци што стрчеа напред како на рак, ја турна подвижната врата и влезе внатре.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Ги повикаа да влезат внатре и Елена и дечкото што ги довезе со колата.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Сега беше решена да влезе внатре и да разговара со нив. Со сите.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Сигурно влегол внатре, кај жените.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Како и да е, деновите кога луѓето можеа да влезат внатре и да се муваат без потреба беа зад нас.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Погледнал низ заштитното стакло и ја видел Валери од другата страна како се обидува да влезе внатре.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Но тогаш еден ден Лу Рид влезе внатре и остана таму полни три часа.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Веднаш ги фрли очите во колибата и како да му се запартали нешто, некој влезе внатре.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Дедот поп влезе внатре и се затвори добро.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Бабата Депа растрчуваше од една породилка до друга и никого не пушташе да влезе внатре кај породилките, ниту им кажуваше која кога ќе се породи.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
XII Квечерината по богослужбата во која игуменот, отец Серафим, отец Иларион и сите калуѓери, се молеа господ да помогне манастирот да не се приклучува кон Албанија, полковникот Жино, шетајќи низ манастирот, ја виде црквата отворена, влезе внатре, виде дека нема никого и влезе да ги разгледува уште еднаш и подетално фреските што ги прикажуваат чудата на свети Наум.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Евто го тргна резето и таа се отвори. Влегоа внатре.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Евто го врза Дорча за една бука, му го извади самарчето, го зеде под мишка и тие влегоа внатре.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Влези внатре! Добро што дојде.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Незабележано меѓу селаните и тој влезе внатре.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Син му и ќерка му бучно влегоа внатре, смеејќи се, и кога го видоа како седи, застанаа.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Јас би го одвел и во болниците, и во Сук... и секаде каде што имаме логори со бегалци.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Кога влегоа внатре, од канцеларијата на командантот допираше гласот на Високиот: - Штета. Голема штета.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
По прошетката, умееше, без најава, да им заѕвони и да си влезе внатре како да е тоа најнормално, оставајќи го Боги да го чека пред влезот.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Но сите одбија да влезат внатре, зашто во градината околу куќата беше толку убаво и свежо, што никому не му се влегуваше во затворена соба.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Тропаше Полин на вратата, ја молеше да влезе внатре, но таа не отвораше.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Кога ќе дојдеше време за парење, и селските мачки и мачори доаѓаа во фармата од Полин, мјаукаа и налетуваа на жиците да влезат внатре; се создаваше едно општо врескање: пискаа и оние мачки што беа во кафезот и оние што беа надвор.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Кога влезе внатре, кога го видоа роднините и пријателите, плачот се крена до бога.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Но советот Профимов малку помагаше, зашто Девица уште од првото идење во куќата на Полин, уште првата ноќ, се затвори во собата и никако не го пушташе Полина да влезе внатре.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Седеше на тераса до зајдисонце. Потоа влезе внатре и се фати за работа.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
- Имаш ли пари? - ме праша продавачката.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Влегов внатре, каде што ме пречека лошата продавачка со синиот комбинезон.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Се сетив колку вика мајка ми кога ќе влезам внатре со чевли и веднаш се почувствував како да сум сторил злодело.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Решив дека сепак е најдобро да поспијам и да се одморам од патот, од цревата и од впечатоците.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Прво, морав да се обидам да се контролирам при испуштањето гасови поради тоа што не сакав да ги разбудам роднините и да ги потсетам сите дека им се оди во тоалет, а уште помалку сакав да ги слушам скоро нечујните чекори на тетка ми како патролираат пред вратата и чекаат да влезат внатре за да ги исчистат моите гомненици од нејзината шолја.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Ѓорѓија молкум седнуваше да јаде на правоаголната маса, покриена со омразениот чаршаф кој старицата го обожаваше, чуван со години; таа седнуваше спроти него, го галеше чаршафот со едната рака, како да го чисти од невидливи трошки, го набљудуваше син ѝ и му забележуваше: - Зошто не јадеш од црниот леб?
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
А не, таман си влегол внатре, купишта туќи лајна.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Случајно, ако му текне на народниот непријател да посака да влезе внатре, демек, на неа да се набоди.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Истапив во дождот, кога ти повторно излезе и ме повика.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Ти ја отстранив мократа коса од лицето и благо те бакнав на усните, а потоа ти се сврте и влезе внатре.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
„Што?“ прашав, чувствувајќи налет на радост зашто ти пак ме повика да дојдам на влезот со тебе.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Тие молкнаа, јас продолжив: - Разбојниците се маткаа нешто околу коњите, симнаа три тешки вреќи од седлата, ги одвлечкаа до куќата и влегоа внатре.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Во еден момент таа викна: - Тето, види, сега ќе влезам внатре и ќе појдам на гости кај Дуња-Ѓузел, - и скокна во водата.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Тој се сврти кон олтарот, длабоко се поклони и со спокоен чекор ги качи двете скалила пред олтарот и влезе внатре.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Шишман дозна за тоа скоро пред Србина запто додека братучедот влезе внатре, Шишман остана пред земјанката со посилниот кој седеше на еден камен како истурен и де се фаќаше за едниот крај од затилокот да се испавка со раката, де за другиот под којшто дувнуваше.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Меѓувремено продавницата се испразни. Влезе внатре со изговор да купи кутија цигари и да види дали евентуално ќе чуе уште нешто.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Кога Марко и Едо влегоа внатре, од собичката во аголот излезе еден човек налик на плашило за чавки, целиот свиснат врз самиот себеси, со конзерва пиво во едната рака и со другата напикана во големиот џеб од елекот облечен на голо – слаб, со испиени образи како да гладува, подвиткан, со сипаничаво лице и ретка, права, немиена, пуштена руса коса што му паѓаше на сите страни на лицето.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Перса не ѝ одврати, туку нежно ја допре по рамото за да си влезат внатре.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Тихо и внимателно ја отворија вратата и влегоа внатре.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
- Да влеземе внатре! - предложи едното. - Влегуваме! - прифати другото.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Сета се тресам! Лексилиум ќе морам да се напијам поради вас, скотови едни! – и влезе внатре, треснувајќи ја толку силно вратата што мислев дека не само стаклото туку и ѕидовите од куќата ќе се искршат.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Е, сега сѐ ќе и каже и мојата лага веднаш ќе се открие.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Истиот миг ние двајцата се смиривме.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Нему сѐ уште ништо не му беше појасно, но кога чу дека Бак се вратил, скокна и влезе внатре: - Мамо, мамичке – викаше по тетка ми – дојди, сѐ ќе ти објаснам.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)