Тргна конечно, а поради турканицата внатре стоевме обесени на прозорецот и постојано нè буткаа луѓето влечејќи ги зад себе огромните торби. Одвај дишевме.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Некогаш ги зафаќаше и навреме полковниците, ги заплуснуваше ненадеен дожд; за миг стасуваа далечните облаци кои потпомогнати од некакви високи ветришта што талкаа по небесните височини; ги опсипуваше во трчаница, кусо, но обилно, така што ни дрвјата под кои се засолнуваа, не можеа да ги заштитат; искиснати, им идеше студенило по снагата, морници, и со брзаница слегуваа низ падините кон селото, влечејќи ги коњите за уздите од чии тела избиваше пареа како да поминале низ врела вода.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Темнината бегаше од нивното упорно движење, се згуснуваше, пак бегаше, влечејќи ги своите искинати поли.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
И тој пиеше. Стасавме глупаво и бескорисно влечејќи ги сенките по нас.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Според старото правило дека клинот со клин се избива, кога ќе го почувствува неподносливото стегање во внатрешноста на черепот, Константин З. ја врзува главата со свилена ешарпа што потоа силно ја затегнува, и онака врзан околу, во последно време проќелавената глава, врвејќи покрај огледалото со конзола во кое го следи својот комичен одраз со ешарпата чии краеви му паѓаат на рамениците, мрцлаво влечејќи ги пантофлите по паркетот од неговата служебна квартира, оди до високите прозорци, ги навлекува тешките драперии и кога во просторот ќе зацари смирувачката темница, легнува во празниот брачен кревет од својата спална соба и конечно почнува да се опушта. З. не е самец, иако тука, во Скопје, живее самечки живот.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Енди Ворхол беше еден од првите што снажно и иронично ја поцрта врската меѓу поп(уларното) и арт(ифициелното), а потоа и ја уништи, демократизирајќи го високоумното Дишаново “животот е уметност”, овозможувајќи му многу поширока достапност (токму како што ѝ прилега на Америка!), но притоа задржувајќи ги сите напластени одеци и во банализирањето само влечејќи ги контурите на една инаква културна клима, на еден друг духовен сензибилитет кој и денес сѐ уште го фаќа својот залет кон некои прилично магловити цели.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Татко живееше со илузиите на заминувањето влечејќи ги со себе и Мајка и семејството, но сега како да беше дојдено времето таа самата да си ја провери илузијата на враќањето.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Уморно влечејќи ги нозете дојде до бифето и ја крена слушалката.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
И додека кажете: „Вујче Ејнар има зелени крилја“, тој веќе едреше ниско над својот имот, влечејќи ги зад себе алиштата како виножито, како лелеава лента низ лепетните удари и замавнувањата на своите крилја. „Фаќај!“
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)