Ова дело е пресек на различните искуства во поранешните композиции ( појачувањето на “малите” звуци со помош на контактни микрофони и со вметнување разни предмети - кибритчиња, жица од клавир и влакненца од четкица за заби - во звучникот на микрофонот, влече корени од Собна музика, додека нус-продуктите на системот за појачување на звукот како брум, шум, микрофонија, се повратна спрега на електронската верзија на случајните звуци и шумови од 4’ 33’’, и како такво, делото најмногу се приближува до Кејџовиот идеал на театарот како уметничка форма на хаосот.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Врв на Кејџовото занимавање со електроакустична музика е Кертриџ Мјузик (1960), примерна театарска композиција со користење на електроакустична музика “во живо”.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Во делата за (непрепариран) клавир Кејџ испитуваше некои аспекти на случајот, неодреденоста и повеќеслојноста.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Разбирање немаше, зашто одново заживеа злата крв што во нивната фамилија влечеше корен од порано: нивните дедовци (браќата Видан и Блашко) при делењето на куќата и дворното место, зафатија кавга околу орешката што беше на меѓата: и едниот тврдеше дека му припаѓа нему, и другиот; започна жолчна караница во која обајцата се избодија со ножеви и обајцата подлегнаа на раните; ги закопаа во гробиштата еден крај друг во семејната парцела - како браќа.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
12 Кај Сара Лукас фотокопирањето и увеличувањето на најексплицитните артикулации на машката агресивност претставува упад во територијата на оној јазик кој постои благодарејќи на илузијата дека е видлив и, воопшто, присутен само во рамките на својата „целна група“: кога овој дискурс ќе се изведе од својата „имагинарна“ состојба, неговата агресивност се претвора во фрустрација.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
12 Види С. Жижек, Метастазе уживања, стр. 110. Маргина 37 181 xxx Слична инспирација, но овојпат извлечена од „вистински“ порнографски имагинариум покажува сликарството на Marcus Harvey (р. 1963).
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)