Ранците влечат надолу, нозете вкочанети од студ и умор, се заковуваат за земјата.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Толкава сила на злото не влече надолу, а од друга страна еден ангел постојано не чува.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Ѝ се чини дека под неа земјата се лизга и ја влече надолу и сѐ станува глуво.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Сега, листот воврен во валјакот не беше празен, на него гледам црни редови во низа, се влечат надолу еден по друг, треперат црно и болскотно, како што треперат ѕвездите на небото.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Животов и понатаму ме влече надолу. Неосетно губам волја за сѐ.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Ниеднаш не го испушти од погледот она клопче, што се лизгаше и ги добиваше сите свои четири нозе и својата умрцната главичка во приближувањето, и тежината, што го влечеше надолу по стрмнината.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)