Нејзиниот (само)деструктивен акт на спротивставување на државната волја на Креонт, акт во кој таа ја пречекорува границата на симболичката заедница на која што ѝ припаѓа, е она што отвора расцеп и внесува раздор во природниот тек на случувањето.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Затоа токму актот на деструктивна критика кој се потпира на “неизмерната моќ на негативното како енергија на мислењето” (Хегел) и кој внесува раздор во природниот тек, односно ја крши онаа “друга”, “стекната” природа - во идеолошки конструкции скаменетите форми на општествен живот - е она што интелектуалецот го прави интелектуалец.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)