При тоа, кај професионалната неспособност за работа има две новини: прво, при нејзиното утврдување како критериум се внесува споредбата со работната способност на физички и психички здрав осигуреник со исто или слично образование и способност и, второ, дека таа главно е операционализирана преку утврдувањето на преостаната работна способност, кај која повеќе не фигурира можноста лицето со утврдена преостаната работна способност да работи најмалку со половина од полното работно време на работното место на кое работел (чл. 12, ЗИДЗПИО/07).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)