— Ела ваму, бре ќерата — му се врекна муљазимот на Илија, очигледно незадоволен што го буди и вознемирува во најслаткиот сон.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
И штотуку наближам до Сена мојот поглед ја напушта земјата, ме напушта и мене и тргнува да плови меѓу ѕвездите... и нешто длабоко тогаш се вознемирува во мене: моето човечко битие, горе меѓу ѕвездите, го препознава својот древен дом, своето древно огниште, мојата роднинска постела...
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)