Неговиот профил, делумно засолнат од дланките, териер и млада жена со боси стапала: и ми се чини дека тој таму, врамен во сликата, е сосем, сосем задоволен. Како комфорен воајер.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Ги упатија кон висока, голема куќа со два балкона еден врз друг, целата малтерисана, бела, врамена во сини оптоки. Сигурно гурбетчиска.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Нечујна модификација на мртвата природа
со пејсажи врамени во бесконечноста.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Просветлението може да врами во својот сјај многу од настаните што веќе не ги паметиме!
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Сакаме да му се придружиме на Момчило и со него да ги возиме нашите трицикли на небото.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)