врати (гл.) - три (бр.)

Модри од лутина, тие не ја споменуваа водата, туку нешта поврзани со меѓусебна завист и омраза - дека Сотир му купил стан на зетот в град, дека Михајло живее од наполеоните на дедо му украдени од компањони во Америка, дека Бамбо му ја дал кобилата на Бориза Штопар со мана, дека ќерка му на Бориза е вратена три месеци по мажачката сосе машината за шиење, дека Васко Бурзаноски клавал шеќер во комината за ракија, дека голем проклетилак има во сојот Куцалев, што ќе земе на заем никогаш да не врати...
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Оди три чекори напред. (Матеј оди три чекори напред.) Врати се три чекори назад. (Матеј се враќа три чекори назад.) Го сакаш дедо ти? МАТЕЈ: Да.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)