Ја гледаше карпата над својата глава, погледнуваше со страв во амбисот под себе и се прашуваше: да продолжиме да се качуваме или да се вратиме здрави и живи.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Неочекувано му дојде да ја теши дека се добро ќе се сврши и дека Јован ќе се врати здрав како риба, но место таква една сувишност, праша? „Знае ли жена му?“ Таа се поттргна малку назад.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Тате ќе му ја бацеше раката, а дедо ќе му речеше: „Сполај му, синко, на Бога, што ни се врати здрав и жив.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Му се молам на бога да ме врати здрав и жив дома, како тебе во Балканските војни...“
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Вечерва, ако се вратат здрави и прави, сѐ ќе ѝ раскажат.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)