Сакав уште поодамна да ви пишувам за една средба во Македонија со познатиот француски есеист Роже Кајоа, чии мисли за човекот и книгата ми се врежаа засекогаш во меморијата и тие асоцијативно се активираа во мене читајќи ги вашите последни писма.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Во тие времиња кај нас постојано се цитираше една Титова изрека дека човекот е наше најголемо богатство и дека, тој е во средиштето на егзистенцијата. Времиња, обичаи...
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Кратко траел престојот на Мајка во рајот на детството, во училиштето на солунските Сестри на св. Пол де Венсан, но тој се врежал засекогаш во нејзиниот живот.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Најпосле, Татко ги откри главните линии и протагонистите на Мајкината грчка врска.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Роже Кајоа пред точно дваест и пет години, во месец јуни во далечната 1976 година, како гостин на Здружението на писателите, ја посети Рерублика Македонија.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)