За миг, два, пред нив се најде Стрела. Ја вртеше опашката, очите ѝ светеа. Очекуваше да ѝ се даде леб.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Со стадото руди овци по перунските рудини, како свири со својот кавал во утринската мугра, а двата големи овчарски пци мирно ги вртат опашките крај него, секогаш готови да скокнат и да му го скинат гркланот и на најголемиот волк.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Како кутре кога намирисува коска итаме кон врвот и си мислиме дека не се гледа колку весело ни вртат опашките.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Цело време, ко камшик ја врти опашката и се тепа по ’рбетот. Се брани од муви. Или се брани од мене?
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Голем шарен пес ги пресретна на сред двор, залаа и почна да ја врти опашката во знак на одамнешно познанство.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Служи си се сам или викни си ја онаа што ја врти опашката по секој маж што ќе го види, - Ѓорѓе не прозборе.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)