Пред лицето на болката нема херои, нема херои, му се вртеше низ главата, додека се превиткуваше на подот, придржувајќи си ја бескорисно онеспособената рака.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
- Каде е? - прашува Симче и чудно се врти низ собата.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Вртам низ Скопје и се поучувам со луѓето.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ме шетаат така, вртиме низ долгите и празни ходници и запираме пред една врата.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Се вртев низ постелата, а нешто ме стискаше во грлово и градиве.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Значи и тој беше потресен и не престануваше да го врти низ главата она што се случило далеку во полето.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
А набрзо потоа се случи и онаа несреќа на татко ти, во потокот на Овче Поле.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Ја пушти раката кон едно цветно гранче што допираше до прозорецот; го скрши; пред да го помириса, забележа пчела нурната во цветот; го остави гранчето на прозорецот и почна да ја набљудува пчелата; ја гледаше колку е занесена во цветот што не узна дека гранчето е оделено од дрвото и дека се наоѓа во неговите раце; дури и кога со сламката ја помрдна малку, таа не одлета; цветот ѝ беше како рудник во кој длабеше: кога го собра сиот сок, кога го испразни, излета и зафати да врти низ лабораторијата, да зуи оддавајќи немир, паника.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)