Освежувачки, смирувачки ноти во нови утра кои ни вдахнуваат енергија, кои не воздигнуваат и ни даваат сила слободно да се нурнеме во прекрасната, идилична, раскошна светлина и светоста на новиот ден.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Јас го пронајдов центарот на моето постоење, оската околу која се врти мојот свет, гравитација е љубовта доволно стабилна за да трае и да продолжам да живеам.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
По онаа бура, по оној гнев на Симона, повреден од тоа што Лена не му се дава, ранлив кога беше во прашање брат му Борко заради чувството дека предноста и грижата и на родителите и на другите била секогаш свртена кон него, а тој божем запоставен, а сигурно и заради внатрешната потреба да го симне од себе товарот на едно сведоштво на злостор, по таа бура, значи, по тој гром што ја удира Лена, таа го врти мојот телефонски број што бев ѝ го оставил кога летото, пред можната прослава на јубилејот на браната, ја бев посетил кратко во Долнец.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)