Никогаш нема да летнеш, ќе леташ во место, но ако имаш малку страст и среќа, местото ќе летне со тебе. (Си ја гледа раката) Од ова ќе останат само коски. Мисли на мене.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Си ги гледам рацете: крвта ми капе од едната дланка во другата.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Еве, земајќи го „примерот на една рака во движење”, тој пишува: „Бидејќи секој континуиран квантитет е делив до бесконечност, движењето на окото кое ја гледа раката и се движи од а кон б, минува низ просторот аб кој исто така е континуиран квантитет и, според тоа, делив до бесконечност.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Ги пика рацете во водата, се лади, се мие и си ја гледа ожебавената кожа на нив како кора од дрво, а жилите набрекнати; ги гледа рацете, што му приличуваат на релјеф и се насмевнува горчливо.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Наредните денови седеа на меѓата, ги гледаа телињата каде што пасат допрени со главчињата и неусетно раката негова ѝ појде на нејзината; таа не ја тргна; почнаа да си ги гледаат рацете како првпат да си ги гледаат: неговите полнички, црвеникави, а нејзините истенчени, бледи; започнаа да си ги милуваат, жулкаат; потоа си ги жулкаа косите: нејзините долги светло-црни, а неговите куси, бакарни и разделени на потец.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Си ги гледаше рацете спружени на масата, отворени и празни. „Цело попладне размислував“, рече.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)