Ја слекува кошулата и гледа телото нагло му остарува: кожата ожебавела, капиларите пукаат и оставаат бенки како од капнато мастило; му омлитавува телото кое некогаш беше цврсто, набиено, кое пукаше од здравотија, а кожата затегната и светла како кај пеливан; во тоа тело и Стела и Аниса и Хера и Марија ги зариваа забите како да сакаа да го раскинат; и секоја на свој начин се воодушевуваше и му го фалеше телото како да не им беше важна душата.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Да гледаш тело синово ко камен фрлен крај патот, гроб да му утре не знаеш, со цвеќе да го покриеш, со солзи да го полееш, да гледаш а да не можеш, да писнеш и да прозбориш на последната раздела.
„Робии“
од Венко Марковски
(1942)