Ако Онисифор Мечкојад можел да е прв во тврдоглавоста, Онисифор Проказник стоел веднаш до него, да сраснат еден во друг, да се скаменат, да станат еден варовник од некогашни два живи облика, подоцна, многу подоцна да ги подлокува безнадежен дожд и да ги напукнува сурова жега.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Браќа, можеле да пиштат од утроба, браќа, бидете на моја страна, другиов Онисифор ќе е ваша измама додека е жив, и само темно се гледале бедни, можеби и болни од неспиење, браќа, само за еден Онисифор има место на овој пат, судете, осудувајте, бидете со мене и не ќе се покаете, и молчеле очајни како да ќе ги остават засекогаш на тоа место своите неутешни души.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)