Не би сакала моите деца да го гледаат истото во мене.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
И овде на сликата гледаше исто лице и става.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
И околу немоќниот Тито, неговите последни генерациски пријатели кои беа делови на механизмот на владеење, како да ја гледав истата игра, истата немоќ и лажни илузии, да се спасат деловите на земјата, а да се изгуби целината, остварените вредности, понекогаш и по жестоки цени.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Кога ќе се залажеш себеси да мислиш дека гледаш нешто, ти заклучуваш дека и сите други го гледаат истото тоа.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Ги виде ѕвездите и како да почувствува некое задоволство што им го гледа истиот оној распоред каков што го гледаше и порано како дете и младич, пред да замине од селово, зашто потоа, скитајќи по светот, секаде тој распоред - му беше различен.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
„Индиго луѓе влегуваат и излегуваат од зградите читаат исти весници гледаат иста програма спијат во исто време јадат иста храна со индиго деца во индиго станови со индиго Нови Години и родендени и животи и смрт...“ (Чарлс Буковски)
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Не обрнувајќи внимание на филмот кој повеќе или помалку се одвива на платното во авионот (и кој пригодно е стопиран среде една сцена на потера со специјални ефекти), се потчукнуваме со рабовите на чашите при придушената светлина на кабината и наздравуваме на Нашата Приказна До Сега, која можеби допрва почнува благодарејќи на тоа што обајцата забележавме дека нејзиниот/мојот привлечен сосед во списанието на авио-компанијата ја гледа истата илустрирана статија - „Островски засолништа”, да речеме дека се вика - и во еден забавен разговор откриваме дека обајцата во едно претходно животно поглавје еднаш сме престојувале во омиленото засолниште на оној другиот, речиси иако не баш во исто време, но заправо во ист хотелски комплекс, Кајо Олвидадо, и, освен тоа - пази сега - дека обајцата во текот на тие романтични ескапади (едниот тогашен пар бил венчан, но не на меден месец, другиот бил на меден месец, но не и венчан), нуркајќи долж коралниот гебен близу до плажата сме пронашле и земале по една страница искината, одлепена или на друг начин одвоена од некој роман во мек повез и ставена во шише како повик за помош; нејзината била сува како коска, на дното на морето, во добро затворено мало шише од рум поради необјасниви причини до пола наполнето со камчиња за да потоне, а неговата парадоксално плуташе во исто така добро затворено бардаче за вино полно со морска вода и поставено на суво место високо на коралниот гребен. Quelle coincedence! Quel симпатична средба, сега кога се сретнавме!
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)