Го гледа мудриот и достоинствен Соломон како разговара со двата Хирама, кралот Хирам од блиското кралство кој му помага во зафатот да изгради Храм на единствениот бог, го гледа како поминува со машката рака врз маслинестата свила од бедрата на кралицата од Саба, потем и карванот со нејзините дарови испратени за Ерусалим, го гледа мудриот крал како се советува со вториот Хирам, вештиот мајстор на бронзарските работи со кои е преукрасен Храмот.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)