Речиси мижев, не можејќи да го гледам неговото неестетско голо тело.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Бил Маер е омилен гостин во нашиот дом. Секој петок во осум навечер затвораме врати, гасиме светла, исклучуваме телефони и го гледаме неговото шоу.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Испаѓа дека почесто гледам негови филмови отколку што се гледам со сестра ми на скајп.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
За него прашувам, му рече мачејќи се да не ги гледа неговите прсти.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Ги гледаше неговите пет сводови како со џиновски замав скокаат во Луда Река, а како централните прескокнуваат повисоко од другите затоа што мостот беше подгрбавен.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Одеше од десната страна и, наспрема езерото, му ја сеќавав и повремено му ја гледав неговата става.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Ги гледаа неговите раце и наеднаш им се чинеше дека сите магии се кријат во нив.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Ги гледаше неговите кревки увца и неговите очички, и оние четири тенки како чапарушки и растрперени ноженца, ја гледаше сета таа чудесија од кревкост и невиност, со нешто многу од тревките во себе и со секој миг сè посилно знаеше дека таа дива ноќ не можеше да биде во состојба ни да измисли друг повистински гостин, што би можела да му испрати за да го зарадува во неговата самота, од овој, што беше сега тука, во неговите нозе.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Како оддалеку да ја гледа неговиот скочанет поглед... Што ли кажуваа тие очи?
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Ја гледа неговата срчена борба со џиновскиот Голијат, а потоа и добивањето на престолот на Израел.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Детето го гледа неговиот подвиткан грб. Обесхрабрено е, но уште се надева.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Ги гледаше неговите огромни камени плочи и блокови, не можејќи да се начуди како се нашле од разни предели во оваа тврдина.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)