— „Не е лошо да а натрата на невестата Малова да ѝ жугне на ќерка му на попот да си а имаат муата на капата — си велеше Доста и пак ја гледаше нејзината Нешка, сега веќе невеста на коњ, како се исплачува со неа, со татка си и брата си, оти ќе ја остави нивната куќа и ќе стане попова снаа, на младо ѓаче невеста.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Во полумракот го гледа нејзиното огрдено лице и си мисли: - Колку е добра и мирна и зошто ли токму неа ја погоди шрапнел и толку лошо ѝ го огрди лицето?
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Таа никогаш не почувствувала такво слатко треперење од петиците нагоре.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Тој веќе го гледа нејзиниот портрет како зрачи мека светлина во полутемнината на неговото ателје.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Таа слобода ѝ ја подари Стево Трајчов со своите постапки на човек кој знаеше во тие мигови да ја фрли од лицето службената маска, да ја раскопча кошулата, да отвори вино и седнат на фотелјата нога преку нога, со високо крената глава, од извесна дистанца, да го гледа нејзиното слекување.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Се правеше дека не забележува со каков нажален поглед гледа нејзиниот миленик низ прозорецот.
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)
Го гледа нејзиното лице и градите обилно осветлени од ламбата ставена пред неа.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Не ја беше видел, а сѐ уште јасно го гледаше нејзиниот лик и по тоа знаеше дека ќе му стане судбина, дека што и да направи, каде и да бега, со неа ќе мора да се сретне и да го стори тоа што му е пишано.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
„Таа мене повеќе не ми треба, доста ја гледав нејзината убавина без да ја разбирам.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Погледот ѝ се заковуваше во една точка, како нешто невидливо, во правецот кон каде гледаа нејзините очи, да ѝ го голташе погледот, како да ја голташе и самата неа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Родителите се обидуваа да ја повикаат, но таа и натаму остануваше во онаа точка кон која гледаше и каде што исчезнуваше нејзиното Јас.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Но таа ја гасеше светилката кога ќе легнеа во креветот: и заради светецот да не ги гледа и заради Илка - да не и ја гледа нејзината дрвена нога.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)