Сите од семејството го гледавме родниот град. И нашата куќа се гледаше. Таа беше тука крај Езерото...
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
И така било! Добиле куќи и земја, во замена, крај брегот на Езерото, тука веднаш до малото гратче, што денес го гледам од вишната карпа со старата таткова дуљбија, некогаш од Татко, од Цариград донесена, а со која три генерации го гледале родното место преку граница, тука веднаш крај Манастирот.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)