Горе може е потешко снешено. Одалеку секогаш се гледа блиску, со рака да дофатиш - ама планината е лажлива.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Арафат се радуваше на својот дипломатски успех, ја гледаше поблиску од било кога својата Палестина, го очекуваше во неа своето триумфално враќање на бел коњ...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
2. Долниот свет
Не оти сме слепци
туку од што сме се одвикнале
да гледаме блиску пред себе
невешто се движиме
со стап вперен напред и
пипкаме:
да не би да наидеме на змија, мудро немушта
да не би да најдеме габа, солза радосница
оти со години гледајќи далеку
ни отапеа сетилата
за светот тукашен
па само некоја разорена
и во мислите насетена
ко привидение, стварност
се тетерави без престан
и бдее
од страв да не исчезне
ако се успие!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Така беше и со првите американско-палестински разговори во Картагина.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Ами враќањето? Далеку е. Се гледа блиску, ама не е така.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)