гледа (гл.) - назад (прил.)

Штом се вратив од чаршија ја фатив мрзата за шија цел ден по сокак дрдорела сармата скроз ја загорела Куќата цела ко кочина не можев да отпочинам филџани стојат на масата а мрзата мрсна небањата Нервозно кренав паника и сукало дебело заигра комшилук сеир гледаше назад кај татко бегаше
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Не гледа назад.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Оваа традиција посебно ќе ја развие Пенбејкер (неговиот исклучителен „Не гледај назад” за Дилановата турнеја е прикажан истата година и доживеа комерцијален успех), па следеше Монтереј Поп 1968., првиот - и меѓу најуспешните - филмови за еден рок фестивал.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Ворхоловиот „Velvet Underground and Nico” снимен 1966 беше меѓу првите докумен­тарни филмови за еден рок-концерт.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Окото може да гледа назад, напред и на сите можни страни, затоа има безброј остри врвови, кои природно навлегуваат низ историјата, иднината а за сегашноста и да не говориме.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Мамат сите кога велат дека не треба да се гледа назад во историјата, ама доколку се работи за туѓа историја, нивната ако им ја чепнете, веднаш се вознемируваат.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Ми велат, оди напред и никогаш не гледај назад.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Затоа одеа по Трајанка влечкајќи се и гледаа назад двоумејќи се дали да останат и тие или не.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)