Се гледаше јасно само бројот на регистерската табличка: С-909.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Се гледа јасно дека заклучокот е ваш.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Сонцето беше зад мене и биеше на голото ритче отспротива на кое беше куќата и, иако далеку преку долот, таа се гледаше јасно.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Ја гледаше јасно дупката во ѕидот, но не знаеше колку време јавал на куршум ниту кој го испратил на такво патување.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Арсо е сам во тесна теснина, светилката е угасната, но тој ја гледа јасно карпата таму на неполни триесет сантиметри.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Цви, значи, го гледа јасно Јехуда Макаби и неговите борци за ослободувањето од стегите на грчкиот владетел, паганот Антиох Епифан како победоносно, со фанатично пламнат поглед, влегуваат во одново слободниот Дом на Бога.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Се гледа јасно како едното
се распарува, чуден распар
и полутката е далечен сон пред него
па табу
па таен копнеж
па опседнатост
па нова причина за преселби
пуста желба, утопија
се топи во свеста
како грутка шербет
слатка смрт !
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Замина Гури Порадеци, покрај реката. Го гледавме јасно додека стаса до осамениот Дрвен мост.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)