Жените и децата припиштеа кога видоа дека гори куќата и летнаа да бегаат надвор од дворот.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
На крајот од улицата гори куќа.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Проклетија, гори куќа а нивниот селанец Ангеле Преслапец, сега пожарникар во градот, го нема да дојде со црвена цистерна и да помогне: во огнот бездруго е Антуш Крстин.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Сега го слушна гласот на Кети како ги проколнува двата дрски гаврана кои секое утро доаѓаа блиску до куќата и гракаа и крескаа како божем да гореше куќата.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Горела куќа. Во третата улица до улицата каде живееле тие.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)