Но не помина многу време, Цанулица пак се врати кај Цанул; шеташе низ селото како ништо да не било; пукаше каменот под неа кога газеше; ѝ гореа очите, ѝ светкаше лицето како расцутена тутенка.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Марија молчеше. „Сеедно“, остана насмеан агентот; зад дебелите непробојни стакла живо гореа очите.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Тоа е страшно лице модро-пожолтено, на коешто горат очите, строги и полни со укор. Арсо не гледа на него.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)