дава (гл.) - знак (имн.)

За тебе, за мене. За нашите таму. Ни дава знак на сите.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
А.А. му дава знак на И.И. да се оддалечи од паното, што значи да престане да говори, зашто заклучокот на крајот на посетата на исламскиот павилјон му припаѓа само нему во својство на директор и повеќе од тоа.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
АНА: (им дава знак на жетварките да ја прифатат, што и го прават, а потоа ја прифаќаат и останатите. Пее.)
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Се вртеше, им даваше знак на пајтоните и камионите кога и каде да минат.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
ЛУКОВ: (Му дава знак на Методи да замолчи и го отстранува во аголот.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Сонцето како течно злато се разлеваше по водата, блескаше, ги опсенуваше очите; Висар тешко се приспособуваше кон таа силна светлина; од шумот на веслата дивите патки пркнуваа пред нив и се преселуваа понастрана барајќи мир и спокојство; Висар му го вртеше грбот на сонцето и ѕиркаше во водата која ги менуваше боите спрема длабочината на езерото и гледаше во јадиците и канџите што ги спушташе Трајан; кога ќе се занишаше конецот, Трајан го креваше нагоре, го собираше и му даваше знак на Висар дека е фатена риба; Висар трепереше од радост и ѕиркаше во водата да ја види рибата; кога рибата, влечена нагоре, ќе дојдеше во погорните води, ќе почнеше да разлетува и да шета дè ваму дè таму, правејќи секавични движења и обидувајќи се да го скине конецот; но колку што конецот се собираше и ја доближуваше до чунот, таа сè понемоќна стануваше, ги скротуваше своите напнувања, чувствувајќи болка од јадиците и канџите во устата; тогаш Трајан отсечно ја тргнуваше нагоре, а Висар го потклаваше оршето под неа и ја внесуваа во чамецот; потоа го проверуваа другиот конец и почнуваа да го тргаат и собираат; рибите скокаа во чамецот, пласкаа со опашките, подзинуваа по воздух, а потоа се отпуштаа и се смируваа.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Капинка сака да се расплаче. Јас ѝ ја фаќам устата, ѝ ја затинам. Ѝ давам знаци да молчи.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Кога одекна плускот на шамар, неколку од нив одеднаш станаа, возбудено погледнувајќи кон сепарето, но Тихомир ја испружи раката пред нив како рампа, давајќи знак за смирување.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Сеансата повторно ќе почне!... ѝ дава знаци!
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Секогаш истата болка... Ме боде под газот...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Тоа е со сигурност знакот, апсолутно непогрешлив... Слушаш, Август, врне!...“
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
ТЕОДОС: Ама... Не! (Крева раце како за молитва.) Не...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
ТЕОДОС: Ама зошто, може да ме извалка... (Сиот се тресе од гнасење. Го држи детето и ја врти главата наназад.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
ТЕОДОС: Не, јас реков за на лозје. Не, јас не пијам.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
АРСО: (На Поцко.) Потаму, бре, не чешај се од чорбаџијата! (Со раката зад грб му дава знак да пријде поблиску до Теодос.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
АРСО: Е, се истопи од радост и од милост сиромашкиот! (Му дава знак со мимика да го баци Теодоса.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
АРСО: Дај го, баба Цонке, кумашинчето да го видиме. (Го зема.) Машала, машала, угоено е да не е урок, прасенце! (Ѝ го враќа и ѝ дава знак да му го даде на Теодос.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Туку да се погодиме: да ви дадам пари за крштавање, па најдете си кум спроти себе, од вашата фара.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
АРСО: (Му дава знак на Поцко за враќање.) Да одиме, чорбаџи Теодосе...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
АРСО: Амин и тебе раката! (Ѝ дава знак со прстите на Цонка да му побара на Теодос пари.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Сѐ со свиркање си даваат знаци стражарите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Командирот дава знак и почнуваат да ме тепаат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Женичката пак ми дава знаци да си ставам стипса, што се вели, суста на уста. Катанец.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Беличот му даваше знаци на Мечета да остане мирен. – Мене – продолжи да грми чудовиштето – не може никој да ме уништи.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Му даваше знаци да пријде.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
(Манастирот. Утро. Влегува арамијата, Михајло и Евто. Арамијата му дава знак на Евто. Излегува. Пауза.)
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)