даде (гл.) - му (зам.)

Требаше да одам да побарам кутија цигари, кога Жабе од ќошот му викна на продавачот: „Чане, дај му на Симона едно пиво, нека се олади“. Она „нека се олади“ го нагласи.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
- Од поголемите „тркалца“ дај му, - му вели Танас.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Ха, допишав на книжето: „Од триците дај му и на брат ти.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Не приоѓајте му, Три жени со бели шамии околу главите Седат во полето и го чуваат него Спроти долгото патување низ темнината, низ бесконечните растојанија од студот до огнените знамиња на плодот, не приоѓајте му, Утрово ќе ги искачи ридовите и ќе застане на она место каде што застануваат јулските квечрини да ја гледаат девојката со срп во рацете како оди низ полето и застанува боса среде реката на залез сонцето за да ја оплоди и така размножена да истече со реката до свирепите мориња на усмата, Оставете го, Однесете му тогај вода, дајте му сол, и чист во душата нека си легне во полето да слуша како пеат светулките меѓу ожнеаните стебленца на пченицата.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
СОФРЕ: Подобро е така, прво дај му на туѓиот да јаде.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Свети Никола златен, Богородице мајко, што сега идеш, тргни му го она лошо од главана; дај му дах светен и смири го да не направи будалија. (Станува и се мисли).
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
ПАНДЕ: Ела ти не дај му на Османа Кица од Велешта и на Арифа Ќура од Враништа; та макар и на Дилавера Винца...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Господи, дај му да измисли нешто големо и важно, се молев во себе.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
По долго натегање, посмото со искинти и невешто искрпени реченици имаше ваква содржина: Ангелијо јас сум добро и здрав сум сполја на бога живеам убаво и ти не грижи се за мене само те молам дај му на малиов ако имаш некоја паричка да ми купи леб и тутун а ако немаш остави јас пак ќе сум ти благодарен.“
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Зашто Господ вели: ’Одмаздувањето е Моја работа, јас ќе возвратам!‘ И уште ви велев: ’Ако твојот непријател е гладен, нахрани го, ако е жеден, дај му да пие...
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Адаптирано: „Господи, дај му на премиерот или на министерот за култура, драматуршки талент“.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
- Не задевај го, го фатил за рака Герасим од Побожјане. - На оној што умее да раскажува и кога измислува му веруваат.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Гревота е, Онисифоре, ќе му дадам ракија. - Дај му. Раскажувај, попе. ...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Сакаш ли да имаш мир и живот? Отпарај ги зашиените рабови од минтанот. Дај му ги лирите на шефот да ги чува.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Дај му нешто, гладен е, ќе рече. Гладен сум Јано, ќе ѝ рече.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Го заврши писмото и ѝ го подаде на сестра си: „ Тине, само една молба: те молам оди во петок во 18 часот на клупата кај сато и дај му го писмово“ и легна во креветот додека од очите и извираа солзи.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Дајте му сѐ што сака, ама бидете спремни со такви подлизурковци.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
14. ДАЈ МУ МИЛОСТИЊА НА СИРОМАВ АКО Е САКАТ - а не ако главата ко трска ја клати.
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Дај му вода на коњот, вели. Тури му многу.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
П. В.: Ма дај избери нешто и дај му да преведе...
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Ајде, ти дај му го пагурчето на дедот Петка, нека се напие и гледај да не избега ваа чанта.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Токо, ајде, ајде, жени, соберете торбите и дајте му на бацка Стоја нека си покасне, та нека си легне, оти — слушате? — петлите веќе зачестиа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Жена ет, но ет младоженка И за селски момак хубавец, Она моминска дала вејка И дала му момински венец.
„Пeсни“ од Рајко Жинзифов (1863)
Ми беше ветила петнаесет пати! дваесет пати! Сто илјади пати!...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Море дај му сè!...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Ни пара! Ни пет пари!...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
- Земи ја и дај му ја на свекра ти Бошка.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Кој нема, дај му на заем и тој ќе ти плати, со фајде ќе ти плати. Разбра ли!
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
- И запамети, - рече Луман. – Другпат, кога ќе сакаш да куртулиш некого, дај му од џеб, ама мене да не ме молиш.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Ха, допишав на книџето: „Од триците дај му и на брат ти.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Машини, плугој тој ќе ви даде, дајте му братски рака, нивата наша молитва нејќе а труд - работа сака!
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Еве, дај му го ова парче леб.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Дедо се сврти кон иконата и се прекрсти: - Мир и царство небесно дај му Господе и прости му јa душата...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Во седумдесеттите, Др. Споук-МекЛуан-епидемијата се прошири низ западна Европа.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Идејата на индивидуалност што во шеесеттите ги зарази Американците дефинитивно се прошири низ светот.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Одеднаш, младите ширум светот носат џинс и ја слушаат Џон Леноновата „Дајте му шанса на мирот“.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ти пожелувам, не, те молам, да си најдеш друг маж, достоен за твојата љубов, и нему дај му ги своето срце и својата љубов, дај му ги оние радости што ги чуваше и ги намени за мене.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)